Почетна
Македонија

Народната банка назначи тројца администратори во "Алта банка" — 21 ден да се утврди состојбата

Привремена управа од три месеци; сопственикот треба брзо да понуди акциите, владата вели дека пензиите се исплатени.

·Македонија
Народната банка назначи тројца администратори во "Алта банка" — 21 ден да се утврди состојбата

Народната банка назначи тројца администратори кои ќе го преземат управувањето со Алта банка во Битола и им даде рок од 21 ден да ја утврдат целокупната финансиска состојба и да достават писмен извештај.

Во привремена управа банката е ставена на период од три месеци. Српскиот сопственик има неколку дена да ги понуди акциите на продажба; доколку тоа не го направи, Народната банка ќе преземе понатамошни процедури.

Поранешниот член на Советот на Народната банка, Синиша Наумовски, предупреди дека времето е од клучно значење. Тој порачува дека и покрај тоа што битолската банка е посебен правен субјект, случувањата во Србија ја нарушиле довербата на штедачите и дека најбрзото решение е брза промена на сопственоста.

Финансиски индикатори и дилеми за проверката на инвеститорот

Во својата анализа Наумовски посочува дека во првите девет месеци од годината кредитното портфолио на банката пораснало за 28 проценти, додека париќните средства се намалиле, и ги отвора прашањата дали бил направен доволно темелен преглед на српскиот инвеститор при преземањето на Стопанска банка Битола.

Од Владата оценуваат дека институциите ја следат состојбата и меѓусебно комуницираат. Портпаролката Марија Митева во синоќешната „24 Анализа“ изјави дека надлежните реагирале навремено, дека пензиите за околу 11 илјади пензионери се исплатени и дека се обезбедени посебни шалтери за оние без платежни картички, додека опозициската СДСМ ја обвини дека создава непотребна паника.

Во Србија официјално е отворена стечајна постапка за Alta banka. Тамошните банкарски стручњаци преиспитуваат дали стечајот бил неопходен, а српскиот економист Божо Драшковиќ тврди дека сигнали за проблеми имало уште пред една година. Се бараат одговори и во врска со сомнителните 380 милиони евра и за одговорноста на српската централна банка за, како што велат критичарите, неадекватната реакција.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи