Почетна
Политика

Николоски: Апсурд е македонските превозници да ги бројат деновите во ЕУ

Николоски побара слободен проток на стоки без задржувања и изрази загриженост поради договорите кои ги добиваат компании од Кина и Индија.

·Политика
Николоски: Апсурд е македонските превозници да ги бројат деновите во ЕУ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, на бизнис форумот во Стопанската комора, побара итно решавање на проблемите што ги носи работата на македонските превозници и сопирањето на слободниот проток на стоки.

Николоски нагласи дека треба да се овозможи непречен проток на стоки „без какви било задржувања, чекања и пречки“ и посочи дека сегашните контроли и административни бариери го отежнуваат работењето на транспортните компании.

Критика за тендерите: пари од даночни обврзници заминуваат надвор

На форумот тој укажа и на нелојалната конкуренција при тендерирањето за инфраструктурни проекти во рамки на ЕУ, оценувајќи дека најголемите договори во многу случаи ги добиваат компании од Кина и Индија, наместо европски фирми. Како што рече, парите на даночните обврзници не треба да се одлеваат надвор, туку да се движат преку стопанството во рамки на Унијата.

Конкретизирајќи ја загриженоста за практиките на границите и во регулацијата, Николоски кажа дека е апсурдно превозник да се чувствува дека мора да „брои денови, часови и минути“ кога ќе се качи во камион.

„Мислам дека разговараме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во ЕУ која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник треба кога ќе се качи во камион да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција од една страна, а немаме слободен проток на стока и на добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два проблема, тогаш можностите се огромни, напомена Николоски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи