Почетна
Политика

Николоски: Првите 30 електрични автобуси за Скопје да стигнат во декември

Вицепремиерот најави дека тендерот е завршен и дека договорот со унгарски Ikarus ќе се потпише откако ќе помине рокот за жалби.

·Политика
Николоски: Првите 30 електрични автобуси за Скопје да стигнат во декември

Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декември годинава или најдоцна во јануари, најави вечерва во гостување на телевизијата Сител вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски посочи дека тендерската постапка е завршена откако истекол рокот за жалби и се исполнети законските процедури, по што Министерството треба да потпише договор со избраниот понудувач, унгарската компанија Ikarus.

„Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е шест месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец”, рече Николоски.

Според објавената јавна набавка, целосната испорака на 150 автобуси треба да се реализира во рок од 18 месеци. Како што образложи министерот, испораката е предвидена во фази: првите 30, потоа следни 60 во рок од 12 месеци и уште 60 во рок од 18 месеци.

Николоски додаде дека и покрај формалниот рок од шест месеци за испорака од денот на потпишување на договорот, неговата интенција е да се убрза првата партија, за Скопје да почне да користи електрични автобуси пред завршувањето на календарската година.

Во рамки на истите настани беше истакнато дека ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината.

Фото: Слободен печат /Методи Здравев

Поврзани написи