Почетна
Македонија

Ниска откупна цена за пиперката — големи загуби за производителите

Производителите тврдат дека цените не ги покриваат трошоците и дел од родот згаснал додека се чекало повисока цена.

·Македонија
Ниска откупна цена за пиперката — големи загуби за производителите

Ниските откупни цени за индустриската пиперка годинава предизвикаа значајни загуби за производителите, кои велат дека пазарната цена не ги покрива трошоците за производство.

Производителите: откупот под трошоците, дел од родот згасна на полињата

Земјоделците објаснуваат дека, и покрај вложениот труд и средства, голем дел од родот беше откупуван по цени кои не ги покриваат основните трошоци за смоторење. Според производителите, ситуацијата оваа сезона е значително полоша отколку што очекуваа.

„Мораме да кажеме дека оваа година за жал од последните неколку години самите производители на индустриска пиперка ќе ја паметат по тоа што својот производ го дадоа по ниски цени кои ни оддалеку не ги покриваат цените на смото производство. Што се случи не е јасно, самите трговци знаат по која цена го пласираат производот меѓутоа тој што го произведува остана хендикепиран бидејќи го даваат производот под цената на чинење“, рече Ристо Велков.

Дополнително, дел од родот останал на полињата додека земјоделците чекаа повисоки откупни цени, но чекањето не секогаш доведе до подобрување на положбата.

„Мораме да кажеме дека голем дел од самото призводство остана и во јнивите. Додека земјоделците чекаа производот да достигне некоја цена по која ќе го пласираат, доста од производството угина бидејќи беше нападнато од различни болести. Значи освен ниска откупна цена с есоочи и со напад од болести“, додава Велков.

Производителите предупредуваат дека проблемот не е само во висината на откупната цена туку и во неизвесноста при стартот и крајот на производната сезона. Ако нема стабилен пласман и цена која ги покрива трошоците, одгледувањето индустриска пиперка за дел од земјоделците станува сè поризично.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи