Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се врати од Србија, адвокатот: ќе биде на судењето на 2 септември
Струшкиот суд му го врати пасошот; Марковски е обвинет во случај за јавна набавка поврзана со ТЕЦ Осломеј.

Обвинетиот битолски бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, се вратил во земјата откако струшкиот суд му го врати пасошот кој претходно му беше одземен како мерка на претпазливост.
Адвокатот Марјан Николоски потврди дека Марковски денеска се вратил од Србија каде имал бизнис обврски и нагласи дека укинувањето на мерките е направено согласно законот. Николоски повторува дека неговиот клиент ќе биде присутен на претстојното судење кое започнува на 2 септември.
За случајот
Марковски е еден од вкупно осум лица обвинети за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.
Адвокатот нагласи дека одлуката за враќање на пасошот ја донел судот во Струга и дека тоа е во рамките на пропишаните процедури, додека присуството на обвинетиот на судењето на 2 септември го оцени како сигурно.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека со враќањето на пасошот на Марковски е направена „груба маниупулациија од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство којшто е соучесник процесот".
Фото: Kiril Simeonovski / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)