Почетна
Македонија

Обвинителството го проверува дали биле правилно потрошени 5,5 милиони евра од прославата на независноста

Савески: ќе се отвори истрага ако има кривично-правни основи; Антикорупциската комисија води посебен предмет.

·Македонија
Обвинителството го проверува дали биле правилно потрошени 5,5 милиони евра од прославата на независноста

Државниот јавен обвинител Ненад Савески по денешната седница на Советот на јавни обвинители изјави дека Обвинителството ја анализира ситуацијата од кривично-правен аспект и дека ќе покрене истрага доколку се утврдат основи. Предмет на контролата се потрошените 5,5 милиони евра за прославата на независноста, од кои, како што посочи, 90 отсто потекнуваат од Државна лотарија — пари на граѓаните.

„Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, Обвинителството ја анализира и ако најде основи, ќе постапи“, рече Савески.

Што проверува ОЈО Скопје

Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека засега не е покрената официјална истрага, но оттогаш — од 10 септември кога се појавија податоците дека од тие 340 милиони денари само 40 милиони денари биле од приватни компании, а остатокот од Државната лотарија — се примаат секојдневни прашања.

Во моментов обвинителите ги прегледуваат регулативите за да утврдат дали раководството на Државната лотарија имало право да ги распоредува тие средства за прославата. Прегледот е насочен кон законот и евентуалните кривични аспекти поврзани со преносот и употребата на средства од државна компанија.

Савески нагласи дека постапката на Антикорупциската комисија е одделна од кривично-правната проверка што може да ја води Обвинителството. Ако при анализата се утврдат индиции за кривично дело, ќе се постапи согласно кривичната постапка.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи