Почетна
Македонија

Управниот одбор не гласал за набавката на ВЛТ терминалите – сведочење во предметот за злоупотреби во Лотарија

Андреј Крстевски рече дека за набавката дознал од комисијата и дека Управниот одбор требало да заземе став.

·Македонија
Управниот одбор не гласал за набавката на ВЛТ терминалите – сведочење во предметот за злоупотреби во Лотарија

Управниот одбор на Државна Лотарија не гласал за набавката на видеолотариските терминали (ВЛТ), сведочеше поранешен член на Управниот одбор во обвинителниот предмет за злоупотреби поврзани со таа набавка.

Сведокот вели дека за набавката дознал од комисијата за јавни набавки

Андреј Крстевски, кој бил член на Управниот одбор и сега е советник во кабинетот на директорот на Лотарија, рече пред обвинието дека за набавката дознал од членови на комисијата која ја спроведувала постапката и дека како член сметал дека УО требало да се изјасни за една така голема зделка.

Крстевски сведочеше дека додека Бајрами бил директор, материјалите за седниците се доставувале доцна и немало доволно време за објаснување. Низ вкрстени прашања, обвинетиот поранешен директор му посочи на сведокот дека во записниците не навел забелешки за работата на Управниот одбор, но и дека ги гласал документите во кои се спомнувале ВЛТ терминалите, меѓу кои и планот за јавни набавки.

Одбраната тврди дека е ирелевантно дали Управниот одбор донел конкретна одлука, бидејќи надзорот и Владата како надлежни органи донеле заклучок и одлука над Управниот одбор. Адвокатот на Бајрами, Еленко Миланов, истакна дека во предметот нема штета бидејќи апаратите се во Лотарија и со нив располага компанијата.

„Не постои никаква пречка овие апарати да бидат пуштени во употреба, да бидат отстапени или продадени на правни субјекти кои што имаат лиценци за приредување на такви игри на среќа. Со тоа, не може да зборуваме за постоење на штета, особено оној што ќе го чуете од вештите лица е дека вредноста на овие апарати, иако се година и нешто во магацинот на Лотарија, е значителна, околу 40-50 проценти повисока во овој момент“, рече Еленко Миланов, адвокат на Бајрами.

Според обвинителството, со набавката на видеолотариските терминали Лотаријата претрпела штета од 9,7 милиони евра, а компанијата не можела самостојно да приредува електронски игри на среќа. Како што наведуваат обвинителите, одлуката на Владата била донесена на седница на која претседавал Груби.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи