Обвинителството поднесе предлог за нови мерки против Дејан Јованов пред истекот на притворот
Обвинителството поднесе предлог до судот, а судот ќе постапува утре.

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека Обвинителството до Судот доставило предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој во моментов е во притвор по предметот поврзан со пожарот во Кочани.
„Доцна попладнево до Судот од Обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден“, соопштија вечерва од Основниот кривичен суд Скопје.
Време и околности
Предлогот доаѓа два дена пред истекот на притворот — Јованов требаше да биде пуштен на 3 октомври, кога истекуваше последното продолжување на мерката. Согласно законската одредба, притворот може да се издржува најмногу една година од оцената на обвинителниот акт.
Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, објавија дека станува збор за нов предмет по кој постапува Обвинителството; од Обвинителството официјално сè уште немаат објавено детали.
Во судскиот запис е наведено дека Јованов понудил гаранција во недвижен имот — 12 милиони денари, или околу 200 илјади евра, како уверување дека нема да се обиде да избега по евентуалното ослободување.
Судот информира дека ќе го разгледа предлогот утре и ќе одлучи за понатамошните мерки; додека не биде донесена судска одлука, Јованов останува во притвор по истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани.
Фото: 360 степени


