Охрид на врвот од сезоната — туризмолозите вклучуваат аларм за одржливост
Преполни плажи, концерти без места и илјадници туристи го нагласуваат потребата да се трансформира 40-дневниот шпиц во одржлива, целогодишна туристичка понуда со заштита на УНЕСКО-статусот.

Преполни хотели и апартмани, река од луѓе низ чаршијата, преполни плажи, барови и ресторани — Охрид го живее шпицот на летната сезона. Бројни концерти и културни настани се бараат со карта повеќе додека илјадници посетители го исполнуваат градот покрај Охридското Езеро.
Но зад оваа жива слика туризмолозите предупредуваат дека повторно се отвора познатото прашање: дали ваквиот масовен туризам навистина му годи на македонскиот бисер и како сезоната од едвај 40 дена да се разгранува во сите 12 месеци од годината? Туризмолозите се децидни — квантитетот конечно мора да му отстапи место на квалитетот кон кој инсистираме да тежиме.
Сезоналноста и УНЕСКО
Кепеска подвлекува дека статусот од УНЕСКО е клучен за иднината на градот и дека исполнувањето на добиените препораки мора да биде апсолутен приоритет и за централната и за локалната власт.
Очекувањата се дека Охрид и натаму ќе привлекува илјадници посетители во летните месеци, но предизвикот останува ист. За градот да не „дише на шкрги" само во јули и август, потребна е итна стратегија за развој на алтернативни форми на туризам — од културен и верски, до еколошки и конгресен.
Само со јасен план, подобрена инфраструктура и заштита на природното и културното наследство, Охрид може да прерасне во дестинација која нуди врвна услуга во текот на целата година, наместо сезонски преоптоварен центар.
Фото: прес-материјал од настанот