Почетна
Македонија

Охрид: земјоделците бараат итно чистење на речни корита пред есенските врнежи

Нефункционалните канали и запушените корита, велат земјоделците, го зголемуваат ризикот од поплави и го загрозуваат родот пред есенските врнежи.

·Македонија
Охрид: земјоделците бараат итно чистење на речни корита пред есенските врнежи

Со пристигнувањето на есенските врнежи, стравувањата меѓу земјоделците во охридско се зголемуваат поради неисчистените каналски мрежи и речни корита.

Локалните земјоделци предупредуваат дека нефункционирачка каналска мрежа и запушени речни корита претставуваат директен ризик од поплави кои можат да ги уништат нивите и земјоделскиот род. Еко-активистот и локален земјоделец Ванчо Стојаноски посочува дека штетите од пролетните поплави се големи, а системско решение, и покрај реакциите, сè уште нема.

Апел за итна интервенција

Според Стојаноски, дополнителното одложување на чистењето на каналите директно го загрозува родот и егзистенцијата на земјоделските семејства, кои пред почетокот на есенските врнежи остануваат самите на себе.

Тој наведува дека штетите од минатите поплави веќе оставиле сериозни последици: „Во мојот случај, пролетните поплави ми направиле штета од околу 10.000 евра, уништувајќи нива која била дел од научен проект за истражување во соработка со Институтот од Суботица.“

Земјоделците упатуваат последен апел до надлежните институции за итна и неодложна интервенција на терен. Тие бараат механизацијата веднаш да се стави во функција за чистење на критичните точки, бидејќи секој изминат ден без реакција значи нов ризик од катастрофални штети кои директно ја загрозуваат егзистенцијата и домашното производство.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи