Околу 1,3 милијарди евра дупка во ПИОМ ако нема реформи — се предлага постепено зголемување на придонесот за пензиско
Експертите велат дека пакет мерки — постепено зголемување на придонеси, борба против сивата економија и усогласување според инфлацијата — може да ја намали дупката од 1,3 милијарди евра.

Домашни експерти предупредија дека Пензискиот и инвалидскиот осигурителен фонд (ПИОМ) може да има дополнителен дефицит од околу 1,3 милијарди евра ако не се спроведат реформи, според анализа презентирана денеска.
Специјалистите предложија пакет мерки за намалување на минусот во фондот: постепено зголемување на стапките на придонеси за пензиско осигурување, поостри мерки против сивата економија и промена во формулата за усогласување на пензиите така што во пресметката да влегува само инфлацијата. Тие предупредија и дека ако не се постапи сега, подоцна ќе бидат потребни поболни чекори.
Предлог: почеток навреме, зголемување постепено
„Оваа реформа на овој пакет мерки е некоја феријална распределба поднослива во моментов да не посегнеме по некој по болни реформи а ако во овој момент ваков тип на споделени реформи не направиме после по 2035 година ние нема да имаме други опции освен тоа,“ изјави Благица Петрески, од Фајнанс Тинк.
Домашните експерти посочуваат дека зголемувањето на придонесот треба да почне навреме, но да се прави постепено. „Сите чинители сите анализи велат дека мора да се оди постепено. Дури може и со 0, 3 или 0, 2 проценти годишно. Подобро тоа да го правиме постепено сега, а мислам дека тоа не е голем проблем и политичка цена,“ соопшти претседателот на Фискален совет, Абдулменаф Беџети.
Директорот на ПИОМ, Никола Мемов, рече дека стапката на придонес треба да добие нагорна корекција и предупреди дека за една година дефицитот во ПИОМ се зголемил за околу 160 милиони евра.
„Оваа стапка на придонес треба да расте, но постепено. Дали за два проценти поени дали за три, треба да пресметани, за овие осигуреници кои сме сега вработени да си ја платиме нашата пензија,“ изјави директорот на ПИОМ, Никола Мемов.
Пресметките во анализата покажуваат дека доколку се спроведе предложениот пакет, ќе се заштедат околу 550 милиони евра годишно, односно толку пари нема да има потреба да се префрлаат од буџетот. Во моментов над 40 отсто од расходите во ПИОМ се покриваат од државната каса. Светска банка и ММФ неколкупати препорачале, покрај зголемувањето на придонесите, и зголемување на границата за пензионирање.
Фото: прес-материјал од настанот


