Почетна
Македонија

Осми смртен случај и осум хоспитализирани со западно-нилска треска; двајца на интензивна нега

Директорот Фадил Цана: двајца пациенти се интубирани и на механичка вентилација, осмиот починат бил примен на 25 август.

·Македонија
Осми смртен случај и осум хоспитализирани со западно-нилска треска; двајца на интензивна нега

Во Клиниката за инфективни болести — Скопје се хоспитализирани осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска, соопшти денеска на прес-конференција директорот Фадил Цана.

За време на викендот е регистриран и осмиот смртен случај поврзан со вирусот. Станува збор за седумдесетгодишен пациент кој на 25 август бил приеман во изразено тешка состојба.

„Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. ​За целиот овој десетдневен престој, пациентот беше во изразито тешка општа состојба и покрај целиот третман, целиот напор на одделот за интензивна нега, во текот на викендот заврши со летален исход“, вели Цана.

Двајца со потешка клиничка слика

Од вкупно осум хоспитализирани, двајца пациенти се со потешка клиничка слика и се на одделот за интензивно лекување; интубирани се и се на механичка вентилација, соопшти директорот.

Цана додаде дека, освен еден пациент од Свети Николе, сите останати се од Скопје и се на возраст над 60 години.

Тој исто така истакна дека веќе четири дена не е примен нов пациент со потврдена западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи