Отстранети нелегални риболовни мрежи од Мавровското Езеро, контролите ќе продолжат
Националниот парк „Маврово“ отстрани нерегистрирани мрежи од Мавровското Езеро и најави продолжување на инспекциските контроли.

Службени лица на Националниот парк „Маврово“ при редовна контрола во Мавровското Езеро открија и отстранија незаконски поставени риболовни мрежи. За случајот веднаш беше известена Полициската станица во Маврови Анови, а паркот соопшти дека во координација со надлежните институции ќе се превземат мерки за утврдување на одговорноста.
Контролите ќе продолжат
Од ЈП Национален парк „Маврово“ информираат дека инспекциските контроли на езерото ќе продолжат со цел да се заштити рибниот фонд и да се спречи неовластеното користење на природните ресурси. Инспекторите ќе засилат редовните проверки на брегот и во водата.
Парковската управа нагласува дека сите прекршоци ќе бидат соодветно документирани и процесирани согласно законот. Веќе се преземаат активности насочени кон идентификување на лицата што ги поставиле мрежите и донесување на соодветни мерки.
Паркот упати апел до граѓаните, рекреативните риболовци и љубителите на природата да пријавуваат секој облик на незаконски риболов или активности кои ја загрозуваат природата, со цел побрзо реагирање и собирање докази.
Зачувувањето на Мавровското Езеро, посочуваат од паркот, е заедничка одговорност на институциите и јавноста, и Јавната установа ќе продолжи со засилено мониторирање и санкционирање на прекршувањата.
Фото: прес-материјал од настанот


