Пациенти на дијализа: Треба да се качуваме до трети кат без лифт за да се вакцинираме против хепатит Б?
Пациенти кои одат на дијализа тврдат дека немаат услови да стигнат до вакцинален пункт на трети кат во амбулантата Пролет поради отсуство на лифт.

Силвана Костиќ од Скопје, долгогодишна пациентка на дијализа, се жали дека од неа и од останатите пациенти се бара да се вакцинираат против хепатит Б во просторија на трети кат во амбулантата Пролет — објект што нема лифт — што според неа е невозможна задача поради ограничената мобилност на дел од болните.
“Од Центарот за дијализа ПЗУ Диамед Македонија, не праќаат на вакцинација против хепатит Б во амбулантата Пролет Скопје. Просторијата во која се врши вакцинацијата е на 3 спрат без лифт. Се обратив до раководителот на центарот со барање да дојдат во центарот да не вакцинираат, ако треба ќе собереме пари и ќе платиме превоз за доаѓањето. Одговорот беше дека не може да дојдат. Како ние пациенти во колички, неподвижни, со штаки ќе се качиме до 3 спрат во амбулантата Пролет? Плус на овие жештини, ние сме инвалиди 100 проценти некои од нас. Има ли некој во ова општество слух за нашите проблеми?”
Костиќ вели дека околу 120 пациенти се опфатени со оваа обврска, меѓу кои и голем број лица со сериозни пречки во одењето кои не можат да се искачат по скали или да ја издржат екстра физичка направа до амбулантата.
Предлогот на пациентите и одговорот на центрите
Пациентката предлага медицински тим да дојде во центарот за дијализа и да ја спроведе вакцинацијата таму, што според неа би можело да ја заврши имунизацијата за два дена.
Диаверум, во краток одговор, посочуваат дека иако упатите за вакцинација се издаваат од нивна страна, самата вакцинација ја спроведува Центарот за јавно здравје и се дава во просториите на истиот.
Костиќ, која вели дека долги години зависи од дијализа, изрази и крајно разочарување од институциите и од намалените услуги за помош за време на пандемијата: “Во пандемија ми ја укинаа туѓата нега, нови бубрези нема да ми пораснат!”
Фото: прес-материјал од настанот