Пловдив — балкански дијамант и хит за 2026
Time Out го издвојува Пловдив поради илјадници години историја, кафе-културата, квартот Капана и новиот PhilGood фестивал.

Пловдив, вториот најголем град во соседна Бугарија, се најде во фокусот за 2026 година откако Time Out го издвоИ како европска дестинација што заслужува поголемо внимание.
Патописецот Џон Билс, кој годинава лично го истражи градот, вели дека Пловдив долго бил резервиран за оние „кои знаат каде да бараат“.
Слоеви историја и калдрмени улички
Нивниот почеток е во Стариот град, каде тесните калдрмени улички се качуваат по неколку ридови, а трачките остатоци на Небет Тепе се среќаваат со куќи од бугарската национална преродба од 19 век — многумина од нив денес претворени во музеи и галерии. Симбиозата на трачани, Римјаните, Византијците и Османлиите го обликувала градот низ милениумите.
Круната на градот е античкиот римски театар Филипопол, изграден во првите два века од новата ера и меѓу најдобро сочуваните градби од тој тип во светот. Театарот и денес е сцена за концерти и културни настани, каде антиквата се среќава со современата уметност.
Квартот Капана нуди сосема поинаков амбиент — некогашната занаетчиска и ковачка зона е преобразена во креативен центар со галерии, бутици, современи хотели и барови со занатско пиво. Дополнителен магнет за странските посетители годинава е и новиот музички фестивал PhilGood, на кој меѓу најавените ѕвезди се The Cure и Gorillaz.
Гастрономскиот дел од авантурите во Пловдив вклучува вкусни локални јадења: од освежителната шопска салата до сочната кавурма, често во пар со врвните регионални вина.
Пловдив е и практична база за блиски историски и верски знаменитости: само околу 20 километри јужно се наоѓа 11‑вековниот Бачковски манастир, под заштита на УНЕСКО, а во близина е и Асеновград со пристап до Асеновата тврдина и црквата Света Богородица. За оние кои бараат краток викенд-патување, Пловдив нуди комбинација од длабока историја, жив градски дух и лесно достапни споменици.
Фото: прес-материјал од настанот


