Почетна
Македонија

По девет месеци без надомест, волонтерите во битолската болница добија договори за дело

Околу 20 лекари, сестри и немедицински работници потпишаа договори за платен ангажман, но без пензиско и здравствено осигурување како вработени.

·Македонија
По девет месеци без надомест, волонтерите во битолската болница добија договори за дело

Волонтерите во Клиничката болница во Битола, кои девет месеци работеа без надомест, денеска потпишаа договори за дело, потврди директорката на болницата Ненеси Лозанче, наведувајќи дека вчера добиле согласност за нивниот ангажман.

Каква е разликата

Станува збор за околу дваесетина лица — лекари, медицински сестри и немедицински персонал — кои до крајот на минатата година беа ангажирани со договори. Откако не беше добиена согласност за продолжување на ангажманот, тие продолжија да работат како волонтери без никаква финансиска компензација.

Прашањето за нивниот статус беше отворено пред два месеца при посетата на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски на Клиничката болница во Битола, кога граѓанин пред камерите праша што ќе се случи со волонтерите кои со месеци работат без пари. Министерот тогаш вети дека ќе го разгледа случајот.

Со новите договори овие лица добиваат платен ангажман преку договори за дело, но не се стекнуваат со пензиско и здравствено осигурување како вработени.

Волонтерите очекуваат трајно решение за својот статус и вработување во Клиничката болница во Битола.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи