Пожарот кај Ногаевци ставен под контрола, Ангелов сомничи подметнување
Велешките екипи, локалното население и два Ер трактори гасеа; Ангелов најави полициска истрага.

Пожарот во околината на велешкото село Ногаевци е ставен под контрола од страна на велешките пожарникари, а директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека има сомнежи дека огнот е намерно подметнат и дека полицијата ќе го истражува случајот.
Ангелов појасни дека своите сомнежи ги темели на искази на локалното население.
Во интервенцијата, освен велешките пожарникари и локалното население, беа вклучени и два Ер трактори кои, како што беше наведено, само по еднаш фрлија вода врз едно критично место по барање на командирот на велешката ППЕ.
Влез во боровата шума и ризик
Ангелов објасни дека тие еднократни фрлања на вода им овозможиле на пожарникарите да влезат во боровата шума за да стигнат до жариштето, што ги изложило на одреден ризик.
- Денес Рано наутро ќе продолжи деталното гаснење на овој пожар - изјави Ангелов додавајќи дека нема повредени пожарникари.
Од надлежните беше соопштено и дека пожари се регистрирани и на подрачјето на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец, каде тимовите остануваат вклучени и во следните часови.
Фото: прес-материјал од настанот


