Почетна
Политика

Предлог‑законот за пушење заглави во Собрание, пратеници побарале мислења од домашни експерти

Комисијата за здравство ја стопирала постапката додека не пристигнат бараните мислења; нацрт‑законот од 2 јуни предвидува забрани на вкусови, казни и забрана за пушење во кола со дете.

·Политика
Предлог‑законот за пушење заглави во Собрание, пратеници побарале мислења од домашни експерти

Предлог-законот за заштита од употребата на производи од тутун или сродни производи останува заглавен на второ читање во Комисијата за здравство во Собранието откако група пратеници побарале дополнителни мислења од домашни експерти и мислење од стопанствениците што се занимаваат со производство на тутунски производи. За Предлог-законот се поднесени осум амандмани.

„Покрај мислењето на Светската здравствена организација, група на пратеници побарале дополнителни мислења за законот од домашни експерти и мислење од стопанствените што се занимаваат со производство на тутунски производи. Штом пристигнат побараните мислења комисијата ќе ја продолжи постапката“, велат од Собранието.

Што носи предлогот и како се развиваше постапката

Министерството за здравство го објави новиот Предлог-закон во јануари, со значајни рестрикции за тутун, никотински производи и уреди. Претходниот министер Азир Алиу првично најави почеток на примената од 1 март, но тоа беше одложено поради реакции и забелешки од угостителите и од тутунската индустрија. На 2 јуни Владата го усвои Предлог-законот, по што започна собраниската процедура; второто читање е закочено уште од септември.

Со ова законско решение се планира да се намали високата стапка од 45% пушачи меѓу возрасната популација. Предлогот забранува производство, увоз и продажба на тутунски и никотински производи (вклучително електронски цигари) кои содржат слатки, овошни или билни ароми, како и вкус на ментол. Една од најзначајните новини е целосна забрана за пушење во приватно возило доколку во него е присутно дете.

Пушењето останува забрането во сите затворени јавни простории и угостителски објекти. Исклучок е дозволен само на отворени балкони и тераси на катовите; на приземни тераси пушењето ќе биде дозволено само ако се отворени од најмалку три страни и немаат прегради од стакло или најлон. Изложбата на цигари и уреди во маркетите е забранета — тие треба да бидат во затворени шкафови кои не се видливи за купувачите, а информациите за цените да се даваат само преку листа по азбучен ред.

Инспекцискиот надзор ќе го вршат пазарниот, санитарниот и трудовиот инспекторат, како и МВР. Физичко лице затечено како пуши на забрането место може да добие казна од 150 до 300 евра, а ако казната се плати на лице место изнесува 100 евра. Правните лица се соочуваат со казни од 2.000 до 5.000 евра, во зависност од големината. Инспекторот може дополнително да изрече привремена забрана за вршење дејност до три месеци. Во расправата се појавија и предлози за воведување т.н. соби за пушење во институции или угостителски објекти, но министерот Сашо Клековски изјави дека е против такво решение.

Фото: Архива на СДК.МК)

Поврзани написи