Прекин на огнот во Олешки, Белата куќа: Меланија Трамп посредувала за хуманитарна пауза
Ограниченото примирје треба да овозможи пристап на хуманитарни конвои додека жителите остануваат без основни услуги.

Во окупираниот украински град Олешки во регионот Херсон почна ограничен прекин на огнот, додека преостанатите жители се заробени без храна, вода и електрична енергија.
Прекинот треба да овозможи достава на помош и евакуација
Украинските власти и руското Министерство за одбрана соопштија дека ограниченото примирје се почитува. Белата куќа соопшти дека прекинот на огнот го договорила првата дама Меланија Трамп, и дека целта е да се достави хуманитарна помош и да се евакуираат цивилите в петок.
Олешки се наоѓа на брегот на реката Днепар, која ги разделува украинските позиции од територијата под руска контрола. Патиштата и пристапните точки кон градот се сметаат за екстремно опасни.
Многу жители пријавиле екстремен глад и, како што рекле за Би-Би-Си, биле принудени да јадат трева и плевел за да преживеат.
Пред војната Олешки имало 24.000 жители. Украина проценува дека во градот и околните места останале околу 6.000 луѓе, вклучувајќи 200 деца.
Во последните месеци украинските обиди да достават залихи не успеале поради ризикот од минирани патишта и активни судири. Прекинот на огнот треба да овозможи конвоите да стигнат до Олешки и да се исчистат патиштата од мини за да се овозможи безбеден премин на луѓето, но многу детали од плановите за евакуација остануваат нејасни. Минатиот месец Кремљ призна дека Олешки се соочува со критична состојба и го обвини Киев. Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили престанале да пукаат по полноќ ноќеска како подготовка за хуманитарната операција.
Фото: Фејсбук)


