Почетна
Македонија

Протест во Скопје по фемицидот во Богданци – демонстрантки бараат институционална одговорност

Марш од паркот „Жена борец“ до министерствата и Собранието, со барања за имиња, измени и санкции.

·Македонија
Протест во Скопје по фемицидот во Богданци – демонстрантки бараат институционална одговорност

Денеска напладне стотици граѓани се собраа во паркот „Жена борец“ во Скопје за да учествуваат на протест против фемицидот во Богданци и да побараат одговорност за институционалните пропусти. Маршот, организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, помина покрај Собранието и Министерството за правда и заврши пред Министерството за образование и наука.

Демонстрантите бараат конкретни мерки и имиња на одговорните

На транспарентите се читаше: „Не ја родив и чувам за некој да ја претепа и запали жива“, „Гневот нема да ни го земете“, „Семејни вредности – ќотек и навреди“, порачаа демонстрантките, истакнувајќи ја бесот кон, како што велат, нормализираното насилство и неказнивоста.

Повод за протестот беше убиството на седумнаесетгодишната Билјана Кириќ во Богданци. Активистите посочуваат дека таа претходно пријавувала насилство и закани по животот пред да биде убиена од својот партнер.

На собирот беа спомнати и други жени и девојки кои ги загубија животите од родово базирано насилство – Рамајана, Росица, Танкица, Ивана, Катја – и демонстрантите поставија прашање колку уште жртви се потребни за институциите да реагираат.

Активистката Елена Петрова од говорница повика на низа итни мерки: "За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Второ, итно поднесување и освојување на законските измени за заштита од насилство. Трето, вратете ги родот и родовата еднаквост во законите, програмите и образованието од кое ги избришавте. Четврто, разрешете ги од јавни функции оние кои повикуваат на контрола врз жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат нивното потчинување".

Организаторите велат дека целта на протестот е да се стави притисок врз државните институции за темелни истраги за претходните пропусти, итно да се донесат законски измени за заштита од родово базирано насилство и да се разрешат јавни службеници чии изјави или дејствија го олеснуваат насилството.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи