Почетна
Македонија

Пукна цевка во зградата на поранешна „Нова Македонија“, исклучена струјата по поплавување на приземјето

Пукнување на цевка поплави дел од зградата во која се сместени повеќе министерства, по што електричната енергија е исклучена.

·Македонија
Пукна цевка во зградата на поранешна „Нова Македонија“, исклучена струјата по поплавување на приземјето

Утрово пукна цевка во зградата на поранешна „Нова Македонија“, во која се сместени повеќе министерства и државни институции, при што првиот кат се поплави.

Струјата во објектот е исклучена како мерка за безбедност откако водата стигнала до приземјето.

Изјава од СОЗР

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски, ни изјави дека зградата не е под нивна надлежност.

„зградата не е под нивна надлженост односно тие се грижат само за хигиената и лифтовите во објектот.“

Одговорни институции и периодот за повраток на електричната енергија уште не се соопштени.

Фото: К. Попов)

Поврзани написи