Почетна
Политика

„Разговори за иднината 12:05“: Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува

Платформата предлага нов член 112‑а, заострување на казните во членот 359‑а и посебен закон за проверка на имотот на функционери.

·Политика
„Разговори за иднината 12:05“: Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува

Платформата „Разговори за иднината 12:05“ ја оцени најавата за нов Кривичен законик како чекор напред во борбата против политичката корупција, но предупреди дека досега нема понудено конкретни механизми со кои ќе се обезбеди одговорност пред граѓаните.

Организаторите посочуваат дека предлог‑законот е главно резултат на притисокот од Европската комисија, која во својот Извештај за напредокот нотираше негативни последици од контроверзните измени донесени во септември 2023 година. Платформата нагласува дека борбата против корупцијата не смее да се сведува на реторика или на обиди за перење совест за минатите злоупотреби.

Во соопштението се потсетува дека измените од 2023 година беа донесени по итна процедура со европско знаменце, без амандмани од тогашната опозиција која, сепак, обезбеди кворум. Указот за донесување на измените беше потпишан од тогашниот претседател, а Уставниот суд на 25 февруари 2026 година ја запре иницијативата за испитување на нивната уставност.

„Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела. сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност“, стои во реакцијата.

Предложени законски интервенции

Платформата повикува да се премине од декларативни заложби кон конкретни дејства и предлага три итни законски интервенции за да се спречи неказнивоста на корумпираните функционери:

  • Воведување нов член 112‑а во Кривичниот законик, кој ќе стои веднаш по членот за незастарливост на геноцид и воени злосторства, со кој кривичниот прогон и конфискацијата на нелегално стекнатиот имот за избрани, именувани лица и службеници нема да застаруваат.
  • Во главата триесетта, во членот 359‑а што го дефинира кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот, да се зголемат минималните казни затвор од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години.
  • Итно усвојување на посебен закон со кој ќе се создадат механизми за проверка на движниот и недвижниот имот на сите актуелни и поранешни функционери, како и на нивните потесни семејства.

Платформата бара ваквите мерки да испратат јасна порака дека нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари и повикува властите да започнат со конфискација на нелегално стекнатиот имот поврзан со политичката корупција што е можно поскоро.

Фото: Архива

Поврзани написи