Почетна
Македонија

РСБСП повикува на внимателно возење за празникот 2. Август (Илинден)

Советот предупредува на зголемена фреквенција на патиштата и ги потсетува учесниците на основните сообраќајни правила.

·Македонија
РСБСП повикува на внимателно возење за празникот 2. Август (Илинден)

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќаните правила и прописи.

Превентивни препораки за празничниот викенд

Од Советот велат дека за време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот, особено на правците кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини. "-Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е клучен предуслов за зачувување на безбедноста на сите учесници - нагласуваат од РСБСП."

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да го почитуваат ограничувањето на брзината согласно поставената сигнализација, густината на сообраќајот и условите на патот, и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол или недозволиви психотропни супстанци, ниту во состојба на замор.

На кратко, Советот ги советува возачите да:

  • задолжително да користат сигурносен појас; децата до пет години да се превезуваат во соодветни детски седишта;
  • да не користат мобилен телефон или други електронски уреди при управување со возило;
  • пред поаѓање да ја проверат техничката исправност на возилото, а на долгите патувања да прават паузи на секои два часа возење.

До велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците РСБСП упатува апел да се движат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.

"-Секое одговорно однесување во сообраќајот претставува придонес кон зачувување на човечките животи. Да не дозволиме еден момент на невнимание, брзо возење или неодговорна одлука да доведат до несакани последици. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита празникот 2. Август Денот на Републиката - Илинден на сите граѓани и им посакува безбедно патување и пристигнување до саканата дестинација - се вели во соопштението."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи