Почетна
Македонија

СДСМ бара да се истражи влегувањето на српската „медиумска машинерија“ во Македонија

СДСМ тврди дека во земјава се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание преку српски компании и бара институционална истрага.

·Македонија
СДСМ бара да се истражи влегувањето на српската „медиумска машинерија“ во Македонија

СДСМ побара од институциите да истражат и да постапат по, како што велат од партијата, законските сомнежи поврзани со влегувањето на српската „медиумска машинерија“ во Македонија — прашање за кое вчера алармираа петте национални телевизии и јавниот сервис.

Партијата обвинува за координиран модел и финансиски врски

На прес-конференцијата портпаролката Богданка Кузеска рече дека сообходењето на законите овозможува неколку канали подолг период да работат без домашни дозволи и дека истиот модел сега се подготвува за „Еуроњуз Македонија“ и групацијата „Ало“. Таа посочи и на влезот на српската Алта банка како дел од поширок механизам.

Кузеска изјави: "Она што се случува е потврда на сè она за што СДСМ ја предупредува македонската јавност. Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија. Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС. Чекор по чекор се гради инфраструктура за политичко, економско и медиумско влијание на концептот на 'српски свет' на Вучиќ за кој предупреди и Европскиот парламент".

Таа додаде и тврдења поврзани со пренасочување државни средства и финансирање на медиумите: "Се отвора простор и за Алта осигурување. Следува контрола врз информациите што стигнуваат до македонските граѓани и медиумски мрак. Задолжени се началникот Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Кога нема резултати, пари во Буџетот, ниту подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола. Да нема критика, прашања и одговорност, туку само пропаганда".

Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ вчера соопштија дека канали Арена — Arena M1, M2 и M3 Premium — работат во земјава без потребните домашни дозволи и дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги третира погрешно како странски програмски сервиси.

Од АВМУ ги отфрлија обвинувањата и посочија дека нема незаконско постапување: регулаторот појасни дека наведените канали се третираат како странски сервиси бидејќи нивниот изворен сигнал не се емитува од територијата на Република Северна Македонија.

Фото: СДСМ

Поврзани написи