Почетна
Македонија

СДСМ: Јаневска остави над 250 деца со попреченост без поддршка од образовни асистенти

Училиштата, според СДСМ, доставиле барања за асистенти уште на крајот на јуни — партијата бара итно решение

·Македонија
СДСМ: Јаневска остави над 250 деца со попреченост без поддршка од образовни асистенти

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска соопшти дека околу 250 деца со попреченост, најмногу првачиња, останале без поддршка од образовни асистенти потребни за следење на наставниот процес.

На прес‑конференција Јованче Манасков од Комисијата за образование на СДСМ кажа дека ова е трета година по ред како министерката за образование и наука Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост.

Училиштата доставиле барања уште на крајот на јуни

Според СДСМ, училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште на крајот на јуни, по завршувањето на уписите. Манасков посочи дека не е јасно што направило Министерството за образование со тие барања и побара објаснување од министерката.

Манасков го опиша влијанието врз семејствата и ги изрече следните зборови: „Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава – образованието. И ова не е првпат. За овие деца и нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност. Кога ја немаат поддршката од образовниот аисситент, последиците директно ги чувствуваат децата и нивните семејства“, рече тој.

Тој потенцираше и дека времето е клучно: „Што направи Министерството за образование со тие барања? Ако постапката за вработување трае 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца би добиле образовен асистент дури по 20 септември. Што да прават овие деца дотогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури?“

Од СДСМ побараа итно решение и предупредија дека инклузијата не смее да остане само збор на хартија: „Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница. Денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година“, додаде Манасков.

Партитјата бараат да не остане ниту едно дете со попреченост без потребната образовна поддршка.

Фото: СДСМ

Поврзани написи