Почетна
Македонија

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијалниот парк

Здружението на граѓани '16-ти Март 2025 – Кочани' објави банкарски детали за прибирање средства за спомен-парк посветен на 63-те жртви.

·Македонија
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијалниот парк

Семејствата на 63-те загинати во трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година започнаа јавен повик за донации за изградба на меморијален парк под името „Патека на бесконечноста“. Иницијативата ја реализира Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“ и има за цел трајно сочувување на споменот за жртвите.

Меморијалниот парк е замислен како тивко место за размислување, молитва и сеќавање, каде што ќе бидат зачувани имињата на 63-те загинати. Од Здружението посочуваат дека основниот проект е готов, а следен предизвик е обезбедување на средства за реализација.

Роднините упатуваат апел до граѓаните, компаниите, институциите и организациите во земјава и во странство да се вклучат и да помогнат за изградбата на паркот.

„Не е важна големината на донацијата. Важна е човечноста што стои зад неа. Секој придонес ќе биде чекор поблиску до местото каде што спомените ќе живеат, а љубовта ќе продолжи да зборува“, порачуваат од Здружението.

Како да донирате

Во рамки на повикот се објавени податоци за уплата на донации во денари и девизи; информации кои Здружението ги објави се следни:

  • Донации во денари:
    • Примач: Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“
    • Банка: УНИБанка АД Скопје
    • Наменска сметка: 240130121745838
    • Назнака: Донација за „Патека на бесконечноста“
  • Донации од странство:
    • Beneficiary: ZDRUZENIE 16TI MART 2025 KOCANI
    • IBAN: MK07240130121745838
    • SWIFT/BIC: UIBMMK22XXX
    • Bank: Universal Investment Bank AD Skopje (UNIBANK)
    • Payment reference: Donation – Path of Infinity Memorial Park

Од Здружението нагласуваат дека „Патека на бесконечноста“ не е само проект за изградба, туку и завет дека имињата, соништата и сеќавањето на нивните најблиски никогаш нема да бидат заборавени. Тие повикуваат на поддршка и посочуваат дека сеќавањето на 63-те загинати е одговорност на целото општество.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи