Почетна
Македонија

Семејство со хумана согласност спаси два животи, соопшти Министерството за здравство

Министерството соопшти дека по хуманата согласност на едно семејство беа извршени трансплантации; веста доаѓа пред 13 август, Светскиот ден на органодарителството.

·Македонија
Семејство со хумана согласност спаси два животи, соопшти Министерството за здравство

Со хумана согласност на едно семејство во изминатиот месец беа извршени трансплантации кои денеска им дадоа нов живот на двајца пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Соопштението е објавено пред 13 август — Светскиот ден на органодарителството.

„Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот 'живот'. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток“, велат од Здравство.

Министерството упати благодарност и апел

Од ресорното министерство ја изразија благодарноста до семејството и најавија дека се приклучуваат на глобалните напори за подигнување свесност за значењето на дарувањето органи. Во објавата не се наведени детали за какви точно трансплантации станува збор.

Проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, го потенцираше значењето на хуманата одлука: „Зад секојa трансплантација стои тим, но пред сè стои една хумана одлука. Таа одлука е она што го прави можно чудото на новиот живот“.

Во објавата се наведени и бројки од листите на чекање: 29 пациенти чекаат за трансплантација на срце, 12 за црн дроб и 160 за бубрег. Кузмановска повтори дека органодарителството е доброволен чин кој спасува животи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи