Почетна
Македонија

Сензорите за мерење на шеќер не се достапни за сите дијабетичари

Пациенти со дијабет тип 1 над 25 години остануваат надвор од програмата; здруженијата бараат итно проширување и континуитет.

·Македонија
Сензорите за мерење на шеќер не се достапни за сите дијабетичари

Сензорите за континуирано следење на гликемијата не се достапни за голем дел од лицата со дијабет тип 1 во Северна Македонија, предупредуваат пациентските здруженија, додека министерот за здравство вети чекори за проширување на пристапот во рок од три години.

Пациенти, здруженија и клиничари бараат поширок пристап

Јовица Симоновски, кој пред шест години бил дијагностициран со дијабет тип 1 на 33‑годишна возраст, вели дека без сензор многу потешко го менаџира својот дијабет. Тој го опиша секојдневниот товар од боцкањата и дозирањето инсулин.

„Сега јас моментално немам сензор и ми е многу потешко да го менаџирам дијабетесот, да ја менаџирам гликемијата со оние секојдневни боцкања и мерења постојано, дозирања на инсулин итн. Едноставно животот е математика, а со сензорот ни е се олеснето. Односно што подобро регулирана гликемија значи дека јас подоцна ќе немам коморбидитети“, вели Јовица Симоновски, коодинатор за дигитализација и информации во СЗДМ.

Сојузот апелира до надлежните за континуитет и поголема достапност на современата терапија и медицински помагала, подобрување на пристапот до специјалистички прегледи и здравствени услуги, навремена дијагностика и превенција на компликациите.

„Сензори или за сите лица со тип 1 во Македонија, тоа го бараме повеќе години. Ние до денес имаме обезбедено само за 800 лица со тип 1 од кои сите млади и деца до 25 години се покриени со тип 1 кои што доброволно земале, лицата со висока ампутација и со последица од дијабетес ретинопатија високо слепило. И што е најсреќно решение како и во многу држави гестациски дијабет пациентките добиваат за следење на дијабетесот“, рече Димче Велев, претседател на СЗДМ.

Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека ќе се заложи сите лица со тип 1 дијабет да добијат соодветно следење на гликемијата во наредните три години. „Второ што сметам дека треба да го направиме е час поскоро да биде во поголема употреба на современа терапија за одлагање на компликациите пред се нефролошките и кардиолошките компликации. Во однос на термините во терциерното здравство и едно од барањето на здруженијата на дијабетичари со свој став и професор Ирфан Ахмети дека и примарното здравство треба да се вклучи повеќе во менаџирање на дијабетесот без компликации“, вели Сашо Клековски, министер за здравство.

Проф. д-р Ирфан Ахмети, директор на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, потенцираше потреба од координирана грижа. „Секој пациент што е со коморбидитети бара мултидисциплинарен пристап. Но проблем е што упатите од примарното здравство некогаш ни ги зафаќаат термините, а не се соодветно упатени. Разговаравме со директорот на Мој термин, со министерот“, рече проф. д‑р Ирфан Ахмети.

Сојузот уште еднаш ги повика институциите на поголема здравствена едукација, рана дијагностика и подигнување на свеста со цел подобра соработка и резултати за лицата со дијабет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи