Шест активни пожари во земјава, еден ставен под контрола
Центарот за управување на кризи: до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари, од кои 20 се изгаснати

На територијата на државата шест пожари остануваат активни, а еден пожар е ставен под контрола, соопштија надлежните.
Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.
Каде се активни пожарите
Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С'лп во општина Велес.
Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – с. Житоше во општина Крушево и кај селото Бојане во општина Сарај.
Под контрола е пожарот кај градската депонија во Делчево. Екипите за итни случаи продолжуваат да ја следат состојбата и да интервенираат таму каде што е потребно.
Фото: прес-материјал од настанот