Почетна
Македонија

Шест пожари и натаму беснеат низ земјата, еден е под контрола

ЦУК: До 7:30 пријавени 29 пожари на отворено — шест активни, еден под контрола

·Македонија
Шест пожари и натаму беснеат низ земјата, еден е под контрола

Центарот за управување со кризи соопшти дека утрово, до 7:30 часот, се евидентирани вкупно 29 пожари на отворено: шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни жаришта има во близина на Студеничани — помеѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер — каде гори мешана шума. Во регионот на Македонски Брод пожарите се пријавени кај месноста Видуш и во близина на селата Драгов Дол и Локвица, при што се зафатени ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума.

Пожари се шират низ неколку општини

Пожарот кај велешкото село С’лп и месноста Горно Село се проширил кон селата Добрино и Тисовица во Зелениково; зафатени се дабова и габерова шума и ниска вегетација. Во јужниот дел, меѓу Копанце и Туденце во Јегуновце, огнот се проширил и кон селото Бојане во општина Сарај.

Пожари се гаснат и кај селата Борино и Житоше кај Крушево, како и во реонот на Конопница кај Крива Паланка; овие пожари допираат до борова шума, ниска вегетација и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот меѓу селата Алданци и Норово во Крушево, каде гореа ниска вегетација и деградирана нискостеблеста дабова шума.

Политичката партија Левица упати критики до ЕВН поради пожарот во Студеничани: „Каблите не се оставаат да висат, нивната состојба треба да се следи“.

Фото: архива

Поврзани написи