Почетна
Македонија

Штип доби девет нови доктори на науки, вкупно 279 за 125 години

Деветте нови доктори ја зголемија вкупната бројка на 279; 167 докторирале во последните 25 години, а 112 во претходните 100 години.

·Македонија
Штип доби девет нови доктори на науки, вкупно 279 за 125 години

Со годинашните нови девет доктори на науки, Штип заокружува бројка од 279 доктори на науки — 167 докторирале во изминатите 25 години, додека во претходните 100 години докторски титули стекнале само 112 научни работници.

Во текот на 125 години, откако постојат високото образование и научно-истражувачката дејност поврзана со луѓе родени во Штип или школувани во градот, штипските научници ги објавиле трудовите во многу научни области. По повод Денот на ослободувањето на градот, 8 Ноември, пред 25 години беа востановени „Митровденските средби“, каде традиционално се промовираат новите доктори на науки; промоциите се одржуваат во Националната и универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

„Сите нивни трудови се депонирани во Роднокрајното одделение, а по потреба ги издава кога некои од читателите ќе пројават интерес за нив. Има оддели со трудови на доктори на науки пред и по Втората светска војна, како и дела на најновите доктори на науки“, вели Тодор Џидров, кој ја продолжува педантната евиденција на Делчо Везенковски.

Од првите доктори до современата генерација

Меѓу ранните доктори од Штип се наведува Љубомир Милетиќ, научник од областа на филологијата, кој и неговите колеги тогаш ја продолжувале високата настава во некои балкански центри. По Втората светска војна следува долга листа на доктори на науки: меѓу нив се Емануел Чучков (географски науки) и генерал Михајло Апостолски (воени науки); на листата е и Јордан Поп Јорданов, кој иако не е роден во Штип, гимназија завршил во градот и подоцна стана познат во светот на физиката.

Подоцна дојдоа генерации што оставија печат и во јавниот и во академскиот живот: поетот Ацо Шопов (книжевност), Киро Глигоров (правни и економски истражувања), Александар Грличков и Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија.

Во поново време меѓу штипските научници со меѓународен допринос се кардиохирургот Жан Митрев, медицинскиот истражувач Методи Чепреганов и историчар-археологот Коста Балабанов. Во роднокрајниот фонд на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ се чуваат и трудовите на основачите и првите наставници на Универзитетот: Саша Митрев, првиот ректор, како и професорите Блаже Боев, Тодор Серафимовски и сегашниот ректор Дејан Мираковски, кои иако не се родени во Штип, поголемиот дел од работниот век го поминале во градот.

Во последниве години расте и бројот на жени кои докторираат — така, во 2024/25 седум жени одбрале докторски студии. Минатогодишната листа ја предводеа Сашко Николов, Габриела Димова, Елена Личкова и Благица Крстеска. Сличен тренд има и годинашната генерација претставена на „Митровденските средби“ — промовирани се девет нови доктори на науки: Љубица Прошева-Пеливанова и Љупка Арсовски (стоматолошки науки); Дијана Мицева, Паулина Апостолова и Дино Карпичаров (фармацевтски науки); Ана Панева и Гоце Коцевски (правни науки); и Ана Тасева-Василева и Васко Демјански (медицински науки).

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи