Почетна
Македонија

Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи

Средношколци и пратеници разговараа за влијанието на социјалните мрежи, инфлуенсерите и за мерки за унапредување на медиумската писменост.

·Македонија
Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи

Средношколци и пратеници денеска во Собранието дискутираа за начинот на кој младите се информираат, влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерите, како и за препознавањето на дезинформации и содржини создадени со вештачка интелигенција.

Дебатата под наслов „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи" ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Собранието преку Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики. На настанот беше обезбеден директен дијалог меѓу средношколците и пратениците за да се чујат искуства, навики и предизвици со кои се соочуваат младите во дигиталниот простор.

Темите што се отворија

Во фокусот беше улогата на социјалните мрежи, креаторите на содржини и инфлуенсерите во обликувањето на ставовите на младите, како и нивната способност да препознаат манипулативни пораки, дезинформации и материјали генерирани со вештачка интелигенција. Разменети беа примери и методи што младите ги користат при проверка на информации.

Дебатата се осврна и на тоа дали актуелните наставни програми одговараат на новите информативни предизвици и какви образовни политики и практики се потребни за унапредување на медиумската писменост, во формалното и неформалното образование. Како основа беа презентирани домашни и регионални истражувања за медиумската писменост и навиките на младите.

Поздравни обраќања имаа претседателот на Собранието, Африм Гаши и британската амбасадорка Маја Сивањанам. Во дебатата учествуваа средношколци од седум училишта од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково, заедно со пратеници и претставници на институциите и организациите вклучени во настанот.

Организаторите оценуваат дека ваквите состаноци ќе помогнат во поврзување на носителите на политики со младите и ќе го насочат формулирањето на идни образовни мерки за зајакнување на критичкото мислење и одбраната од онлајн манипулации.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи