Почетна
Македонија

Скопјанец исчезна во Кисела Вода — семејството моли за помош

Трајан Георгиевски (83) излегол кон кулите кај Расадник и оттогаш нема трага; телефонскиот број е исклучен.

·Македонија
Скопјанец исчезна во Кисела Вода — семејството моли за помош

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) утринава исчезнал, а неговото семејство повикува на помош од граѓаните за да се утврди каде се наоѓа.

Детали за исчезнувањето

Според семејството, Георгиевски од својот дом во населбата Кисела Вода се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата.

Неговиот телефон е исклучен, па роднините ги молат сите кои можеби го виделе на местата каде што обично се движи да ја споделат информацијата.

Полицијата е информирана и случајот е пријавен во надлежните служби.

Сите што денеска го забележале Трајан може да се обратат на телефонските броеви: 075/327-019 или 078/813-202.

Семејството апелира до граѓаните да ја споделат секоја информација која може да помогне во неговото пронаоѓање.

Фото: социјални мрежи

Поврзани написи