Почетна
Македонија

Собраниска комисија ја врати платата на уставните судии: зголемени коефициенти од октомври 2026

Комисијата едногласно ги промени коефициентите за претседателот и судиите на Уставниот суд; измените стапуваат на сила со платата за октомври 2026.

·Македонија
Собраниска комисија ја врати платата на уставните судии: зголемени коефициенти од октомври 2026

Комисијата за прашања на изборите и именувањата при Собранието едногласно ја усвои измената на коефициентите за утврдување на платите на претседателот, пратениците и функционерите што ги избира и именува Собранието, со што се враќаат повисоките плати на судиите на Уставниот суд.

„Комисијата за избори и именувања постапи по одлуката на Уставниот суд онака како што беше донесена“, рече претседателот Ѓорѓија Сајкоски.

Кои коефициенти се менуваат и од кога важат

Со предложените измени се интервенира во членот 1 од одлуката за определување коефициенти за утврдување плата. Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Република Македонија“, коефицијентот 2,81 се заменува со коефицијент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефицијентот 2,60 се заменува со коефицијент 2,85.

Коефициентите од членот 1 ќе почнат да се применуваат со исплатата на платата од октомври 2026 година.

„Комисијата за избори и именувања како надлежна комисија мора да постапи по одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, која беше донесена фактички со суспендирање дел од Законот за платите и надоместоци на избраните и именуваните функционери“, подвлече Сајкоски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи