Сончево и многу топло: временска прогноза за 1 август 2026
Првиот ден од продолжениот празничен викенд ќе биде сончев и топол, со мала локална облачност и температури до 39 °C.

Првиот ден од месец август, 1 август 2026 година — првиот ден од продолжениот празничен викенд — ќе биде сончев и топол. На неколку места ќе има мала локална облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен од променлив правец.
За Скопје се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 °C, додека дневните максимуми ќе достигнат од 33 до 39 °C.
Измерени утрински температури
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C): 17 Берово, 19 Попова Шапка, 20 Куманово Радовиш, 21Крива Паланка, Претор, Тетово, 22 Битола, Крушево, Прилеп, Штип, 23 Виница, Струмица, Зајчев Рид, 24 Велес, Гевгелија, 25 Скопје- Петровец, Демир Капија, 26 Кавадарци.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C): Охридско Езеро 24.5, Преспанско Езеро 24.0, Дојранско Езеро 27.0.
Деталите ги презентира метео-емисијата со Елена Манојловски, во соработка со УХМР.
Фото: прес-материјал од настанот