Почетна
Македонија

Сончево и топло, попладне локално нестабилно

Прогноза за 26.8.2026: можни поројни дождови и грмежи попладне; пријавени утрински температури и температури на вода.

·Македонија
Сончево и топло, попладне локално нестабилно

Сончево и топло се очекува на 26.8.2026, со мала до умерена локална облачност. Попладне на некои места ќе настапи нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје денот ќе биде сончев и топол со мала до умерена облачност, а во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Информација од ова утро 25.8.2026 — утрински температури (измерена во 8 часот)

  • 17 — Лазарополе
  • 20 — Попова Шапла, Прилеп, Претор, Куманово
  • 21 — Винивца, Струмица, Битола, Крива Паланка
  • 22 — Тетово, Крушево, Штип
  • 23 — Велес
  • 24 — Скопје, Гевгелија, Демир Капија
  • 25 — Кавадарци

Температура на вода, измерена во 13.30 часот: Преспанско Езеро 26.5 °C, Дојранско Езеро 28.7 °C.

Деталите следете ги во МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи