Стефан Тренески го заврши историскиот сезонски финиш на Хунгароринг
Младиот македонски возач комплетираше целосна сезона во FIA Formula 4 и привлече интерес за 2027.

Стефан Тренески го заврши првата целосна сезона во FIA Formula 4 Central Europe (F4 CEZ) оваа година, со финале на легендарниот Хунгароринг, и стана првиот возач од Македонија што се натпреваруваше во целосна сезона во FIA формула серија.
Тренески ја заработи оваа можност по освојувањето на F4 CEZ Академијата во 2025 година и дебито кон крајот на 2025 со тимот Janík Motorsport. Во 2026 настапи како полноправен возач со чешкиот тим JMT Racing Engineering, зад воланот на болидот Tatuus F4 T-421 со број 427.
Финалето на Хунгароринг: брзина, казна и несреќен контакт
На финалниот викенд на Хунгароринг Тренески уште од почетокот покажа дека има брзина: во тренинзите беше 4. меѓу 38 натпреварувачи, а на квалификациите се пласираше на 7. место. Одлично ја започна трката и се бореше за високи пласмани, но поради казна од 10 секунди за минимално преклопување на предното крило при рестарт со друг натпреварувач, официјално беше класифициран на 11. место.
Во финалната трка, на самиот старт, контакт со друг натпреварувач го оштети пневматикот на Тренески и тој не можеше да заврши со резултат што ќе донесе поени. И покрај тоа, неговите настапи во текот на сезоната предизвикаа интерес: посилни тимови од серијата веќе покажуваат интерес за 2027 и преговорите се во тек.
За мала земја без долга традиција во формула натпреварите, целосната сезона на патеки како Red Bull Ring, Slovakia Ring, Most, Brno и Хунгароринг претставува значаен пробив за македонскиот автомобилски спорт. Патот кој Тренески го помина — од симулатор и Академија до меѓународна конкуренција — е знак дека од Македонија може да се стигне до светските формула патеки.
Фото: прес-материјал од настанот


