Почетна
Спорт

Стојановски по поразот од Исланд: Не се адаптиравме на физичката игра, гледаме напред

Кадетите загубија од Исланд 75-87 во првото коло од Европското првенство — Б дивизија што се игра во Скопје и Гевгелија.

·Спорт
Стојановски по поразот од Исланд: Не се адаптиравме на физичката игра, гледаме напред

Кадетската кошаркарска машка репрезентација на Република Северна Македонија не успеа да ја започне европската Б‑дивизија со позитивен резултат — во натпревар играно во Куп‑фазата што се одржува во Скопје и Гевгелија младинците загубија од Исланд со 75-87.

Анализа од клупата

„Очекувавме физички многу силен противник, но не успеавме навреме да се адаптираме на нивниот стил на игра и да го спроведеме она што го договоривме пред натпреварот.

Со зонската одбрана успеавме да се вратиме резултатски, но во нападот премногу брзавме и не бевме дисциплинирани во реализацијата на нашите поставени акции. Во еден период можеби предолго останавме во зонска одбрана. Тоа беше тренерска одлука и ја преземам одговорноста за неа, но направивме многу грешки во ротациите и му дозволивме на противникот премногу отворени шута за три поени.

Исланд упати дури 51 шут за три поени, нешто што навистина ретко се гледа. Погодија 13, а ние, за разлика од вчерашниот натпревар, не бевме шутерски расположени и во повеќе ситуации носевме лоши одлуки во изборот на шут.

Конечниот резултат не ја отсликува целосно сликата на теренот, бидејќи долго време натпреварот беше израмнет. Во финишот се обидовме уште еднаш со пресинг да се вратиме, но веќе беше предоцна.

Сега гледаме само напред. Веќе утре нè очекува дуел против исклучително квалитетна репрезентација, а ние ќе дадеме сè од себе, исто како што го направивме и денес“ – изјави по мечот селекторот, Дејан Стојановски.

Текст: Огнен Дојчиновски

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи