Почетна
Македонија

Студен бран од север: Температурите паѓаат за 10–15 степени

Метеорологот Славчо Попоски најавува нагло заладување, локално поројни врнежи и слабо провејување снег на планините.

·Македонија
Студен бран од север: Температурите паѓаат за 10–15 степени

Студен бран од север ќе донесе нагло заладување во Македонија денес, најавува метеорологот Славчо Попоски. Според неговата прогноза, температурите во однос на вчера ќе се намалат за 10 до 15 степени, а локално и повеќе.

Дневни услови и врнежи

Дневните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а во Скопје ќе достигнат околу 17. Заладувањето најмногу ќе се почувствува по пладне.

Во западните предели се очекуваат поројни врнежи и услови за појава на грмежи. „Од пладневните часови па натаму температурите дополнително и брзо ќе опаѓаат насекаде во Македонија“, наведува Попоски.

Попоски не ја исклучува можноста за слабо провејување снег на високите планини, особено во северните и северозападните предели, претежно над 2.000 метри надморска височина.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, а во западните предели претежно од запад. Во Повардарието ветерот повремено и локално може да надмине 40 километри на час.

До вечерта температурите низ земјава ќе се движат од 3 до 11 степени, а во Скопје ќе се спуштат до околу 5.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи