Почетна
Македонија

Судењето за пожарот во „Пулс": 49 рочишта, изведени 1.390 докази

Од почетокот на процесот не е одложено ниту едно рочиште; од 1 октомври ќе сведочат одбраната, најавени 244 сведоци.

·Македонија
Судењето за пожарот во „Пулс": 49 рочишта, изведени 1.390 докази

Од почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, не е одложено ниту едно рочиште: судот информира дека досега се одржани вкупно 49 рочишта, од кои 40 годинава, а до крајот на 2026 се закажани уште 15.

Обвинителството ја заврши фазата на докази

На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. На брифинг во Основниот кривичен суд Скопје беше соопштено дека се изведени 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.

Од 1 октомври се продолжува со изведување докази на одбраната; одбраната најави 244 сведоци кои планира да ги повика.

Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува на 3 октомври. Одбраната најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.

„- До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок - информираа на брифингот во Кривичниот суд."

Случајот е во доказна постапка пред судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК; загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи