Почетна
Балкан

Судир на товарен и патнички воз во Хрватска, има повредени

Несреќата се случи во 10.05 меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец; најтешко повреден е машиновозачот.

·Балкан
Судир на товарен и патнички воз во Хрватска, има повредени

Судир меѓу товарен и патнички воз во централна Хрватска рано утрово резултираше со неколку повредени лица. Несреќата се случила во 10.05 часот на линијата меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец.

Најтешко повреден машиновозач; пругата е затворена

На местото на настанот пристигнале полиција и служби за итни случаи кои им пружиле помош на повредените. Според досега добиените информации, со најтешки повреди е машиновозачот на еден од возовите.

Хрватските железници (ХЖ) во соопштение ги објавија следните детали: „Денес во 10.05 часот, на линијата помеѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец, се случи судир помеѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички Транспорт.

Според моментално достапните информации, има повредени, но нема смртни случаи. Во патничкиот воз имало околу 20 патници.

На местото на настанот се наоѓаат полициски и служби за итни случаи, како и други надлежни служби кои ги спроведуваат потребните активности. Поради несреќата, железничката пруга на наведената делница е затворена за сообраќај.“

Како една од можните причини за несреќата се разгледува информацијата дека товарниот воз можеби поминал на црвено светло. Прегледот и расчистувањето продолжуваат, а железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин додека траат истражните и техничките активности.

Фото: Радио Врбовец Фејсбук

Поврзани написи