Почетна
Магазин

Свети Никита и обичаите што го заокружуваат септември

Празникот на четвртвековниот светител се одбележува, додека народот ги завршува есенските работи и подготовките за зимата.

·Магазин
Свети Никита и обичаите што го заокружуваат септември

Македонската православна црква денес го одбележува празникот посветен на Светиот великомаченик Никита, светител од IV век познат по непоколебливата вера и чудото поврзано со неговата смрт.

Свети Никита бил по потекло Гот и ученик на епископот Теофил Готски. Кога готскиот кнез Атанарик започнал суров прогон на христијаните, Никита отворено му се спротивставил и го осудил насилството врз верниците. Подложен на страшни мачења, тој останал непоколеблив. Под облеката го носел иконата на Света Богородица со Христа што држи крст — икона која му се укажала во видение и му давала утеха и сила.

На крајот бил осуден на смрт и фрлен во оган во 372 година. Според црковното предание, иако во огнот починал, неговото тело останало целосно сочувано и недопрено од пламенот. Неговиот пријател Маријан ги пренел неговите мошти во градот Мопсуестија во Киликија, каде што била изградена црква во негова чест.

Други светители што се празнуваат истиот ден

Покрај Свети Никита, во календарот се бележат и други големи маченици. Светите маченици Теодот, Асклијад и Максим, опишани како Трачани, пострадаа за Христа близу Филипопол во селото Салтис помеѓу 305 и 311 година.

Се празнува и Светиот маченик Порфириј, родум од Мимос, кој како актер ги исмеваше христијаните пред царот Јулијан Отстапник. Еднаш, исмевајќи ја тајната на Крштението, тој на сцената се потопи во вода и изјави: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!“ Кога излезе извика: „Сега сум христијанин!“ По ова престана да ги исмева христијаните и на крајот беше обезглавен во 361 година.

Свети Висарион II, архиепископ лариски, живеел во првата половина на XVI век. Роден е во селото Велика Пила во Тесалија, од побожни родители. Под духовно раководство на митрополитот Марко од Лариса, бил произведен за чтец, ипоѓакон, ѓакон, јереј и на крај е хиротонисан за епископ. Се грижел за сиромашните и болните, основал манастирот „Христос Спасител“, познат како Дусик, и се упокоил на возраст над педесет години (околу 1541 или 1550) и бил погребан во црквата Свети Никола, близу манастирот Дусик.

Според народниот календар, крајот на септември е времето кога домаќинствата ги завршуваат големите есенски работи: подготовка и заливање на зимница, складирање зеленчук и овошје, со цел подготвено да се дочекаат студените месеци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи