Тетовските првачиња останаа без ветените ваучери од 6.150 денари
Советот одреди ваучери од 6.150 денари, но Министерството за финансии спречува исплата поради долговите на општината.

Тетовските првачиња сè уште не ја добија ветената финансиска помош од Општината, иако Советот на Општина Тетово на 14. седница, одржана на почетокот на јуни, усвои одлука за таа намена.
Со одлуката беа предвидени ваучери во износ од 6.150 денари за децата кои ќе се запишат во прво одделение за учебната 2026/27 година, со рок за запишување до 20 јуни и дистрибуција на почетокот на јули. Исплатите не се реализирани.
Градоначалникот: Министерството за финансии не дозволило исплата
Градоначалникот Билал Касами изјави дека сакал да ја изврши исплатата, но не му било дозволено од Министерството за финансии бидејќи Општината сè уште е во долгови. Како што посочи, приливите на пари во општинската каса веднаш се насочуваат кај извршителите за подмирување на овие долгови.
Одлуката што беше донесена на 14. седница ги дефинираше условите за субвенцијата, но практичната примена запре кога приходите на општината беа приспособени за покривање на побарувањата на доверителите.
Родителите и училиштата во Тетово очекуваа да ги добијат ваучерите пред почетокот на учебната година, но општинските власти досега не соопштија нов рок или алтернатива за исплата.
Фото: СДК.МК)