Почетна
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ уште првиот ден детектираше девет прекршоци кај мотоциклисти

Министерот Тошковски вели дека техничкиот проблем со детекцијата е решен и дека на 26 август камерите почнаа да ги бележат мотоциклите што прегазуваат брзински ограничувања.

·Македонија
Тошковски: „Безбеден град“ уште првиот ден детектираше девет прекршоци кај мотоциклисти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека системот „Безбеден град“ уште на првиот ден откако почна да ги детектира мотоциклистите при прекршоци за брзина регистрирал девет случаи.

Според него, до сега постоел технички проблем: камерите за мерење на брзината го регистрираат предниот дел од возилото, додека регистерската табличка кај мотоциклите е поставена на задниот дел.

„Проблем беа оние што глумат дека се моторџии бидејќи вистинските моторџии ги почитуваат сообраќајните правила, носат кацига итн. Имавме технички проблем како да ги детектираме при еден од прекршоците што автоматски го детектираме, а тоа е брзината. Зошто? Од едноставна причина што камера за брзина детектира предна шасија, предна страна на возилото, а регистрацијата е на задната страна на моторот“, рече Тошковски.

Поставена опрема на клучни локации, веднаш резултати

Тошковски посочи дека проблемот е решен по поставувањето на соодветна опрема на одредени локации ширум територијата на Македонија и дека тоа ја овозможило првата серија детекции.

„Го решивме и тој дел територијата на Македонија, каде првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставиме и мислам дека, првиот ден имаме констатирано некаде околу девет прекршоци за недозволена брзина од страна на оние што управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција на овој систем“, додаде тој.

Тошковски соопшти дека на 26 август камерите на „Безбеден град“ почнале да ги детектираат и мотоциклите кои возат со брзина над дозволената. Целта, како што нагласи, е да се зголеми безбедноста на самите мотоциклисти, но и на другите учесници во сообраќајот — во август, од шест жртви во сообраќајни несреќи, во четири управувале мотоцикл. Тој посочи и дека до 1 септември 2025 година имало 96 жртви во сообраќајни незгоди, а оваа година во истиот деветмесечен период имало 60 жртви.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи