Почетна
Политика

Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците, следува криза и уште поскапа храна

Таа предупреди дека порастот на трошоците за гориво и неисполнетите ветувања на Владата ќе ја зголемат зависноста од увоз и цената на храната.

·Политика
Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците, следува криза и уште поскапа храна

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар и за 43% се покачени во изминатите шест месеци — предупреди денеска потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на прес‑конференција во Скопје.

Таа ја обвини Владата дека не презема конкретни мерки

Тренчевска рече дека поскапото гориво директно ги погодува земјоделците и ја зголемува цената на обработката на нивите, транспортот и производството, а на крајот тоа ќе се пренесе врз цените на храната.

„Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскап производство и на крај – поскапа храна“, додаде Тренчевска.

Според неа, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а земјоделците „едвај преживуваат“.

„Земјоделците денес повторно протестираат за откупните цени на пиперката, за она што Владата на Мицкоски им го вети, а не им го испорача. Ги излажа. Откупот на пиперката не се решава со прес-конференции, лаги и манипулации, туку со конкретни мерки и сигурен откуп“, рече потпретседателката на СДСМ.

Таа нагласи дека земјоделецот не може да преживее со политички ветувања, туку со реална цена на својот производ и добри услови за производство, и предупреди дека е загрозена и прехранбената сигурност на државата.

„Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци. Можеме да произведуваме храна и за себе и за регионот. Во време кога целиот свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна, Владата на Мицкоски не презема ништо. Напротив, со ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа“, порача Тренчевска.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи