Убиена бремена жена, сопругот тешко ранет во пукање кај Малишево
Двојка е најдена со прострелни рани во спалната соба; 25-годишната жена почина, а 26-годишниот маж е во многу тешка состојба.

Млада бремена жена беше убиена, а нејзиниот сопруг тешко повреден во пукање во селото Кервасари кај Малишево, соопшти полицијата.
На местото излегоа полиција и форензичари, запленет револвер
„Случајот е пријавен во полиција синоќа околу 23:20 часот, а по пристигнувањето на местото на настанот, полициските единици пронајдоа брачен пар ранет од огнено оружје во спалната соба“, потврди Вљера Красниќи, портпаролка на косовската полиција за регионот Ѓаковица.
Двете лица беа донесени во Клиничкиот центар во Приштина околу 00:15 часот. „25-годишна жена пристигна без знаци на живот, со прострелни рани. Нејзиниот сопруг, на 26 години, е примен со прострелни рани и е на лекување во Ургентниот центар. Неговата здравствена состојба е многу сериозна“, соопштија од Ургентниот центар.
Жената им подлегна на повредите пред да стигнат лекарите да ѝ помогнат, додека мажот останува на интензивна терапија. Името на двојката не е објавено, ниту пак е познат мотивот.
На местото на настанот полицијата и форензичарите извршија увид и запленија еден револвер, за кој се верува дека е употребен при злосторството. Истражните органи продолжуваат со утврдување на околностите и причините за пукањето.
Фото: МИА