Почетна
Магазин

УЈП предупредува на лажни СМС пораки за „статусот на сметка за социјално осигурување“

Управата за јавни приходи апелира да не се отвараат линкови и да не се внесуваат лични или банкарски податоци во сомнителни СМС пораки.

·Магазин
УЈП предупредува на лажни СМС пораки за „статусот на сметка за социјално осигурување“

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека граѓаните денеска добиваат лажни СМС пораки во кои испраќачите се претставуваат како институцијата, со цел можно измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.

Во пораките е испратен линк и се наведува дека постои проблем со „статусот на сметката за социјално осигурување“, при што од граѓаните се бара наводниот проблем да го решат што е можно поскоро. Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат никакви лични, банкарски или други чувствителни податоци.

Како да препознаете сомнителен СМС

  • Не кликнувајте на линкови од непознати броеви.
  • Не давајте лични или банкарски податоци преку СМС.
  • Секое неочекувано известување проверете преку официјалните канали на УЈП.

„Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци“, предупредуваат од Управата и потсетуваат дека сите информации поврзани со работата на УЈП треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали – веб-страницата, електронските услуги, официјалните телефонски броеви и контакт-адреси.

За дополнителни информации, УЈП ги објави следните контакти: Е-пошта: info@ujp.gov.mk, Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори), Телефон: 02 3253 200, Веб-страница: www.ujp.gov.mk. Управата го повикува населението да го сподели предупредувањето со блиските за да се спречат можни злоупотреби.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи