Почетна
Македонија

Укината забраната за пиење на водата во Демир Капија

ЈКП „Бошава“ соопшти дека последната лабораториска анализа покажа дека водата од градскиот водовод е безбедна за пиење.

·Македонија
Укината забраната за пиење на водата во Демир Капија

Водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење, соопшти локалното Јавно комунално претпријатие „Бошава“ по последната лабораториска анализа.

„По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe“, информираа од јавното претпријатие.

Предходни чекори и реакција

Забраната за пиење и подготвување храна со вода од мрежата беше воведена на 14 август, кога претпријатието ги извести граѓаните дека водата од градскиот водовод привремено не е за пиење. Оттаму посочија дека се преземени анализи за да се утврди безбедноста.

Ден подоцна, јавното претпријатие апелираше дека нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту, како што беше соопштено, темата треба да се користи за дневно-политички поенти.

По потврдата од анализите и укинувањето на забраната, од „Бошава“ наведуваат дека граѓаните веднаш можат да ја користат водата како досега. Претпријатието додаде дека ќе продолжи да врши рутински контроли за да ја одржи здравствената исправност на водата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи