Почетна
Македонија

Вакцинацијата со БСЖ времено одложена по суспензија во Хрватска

Министерството за здравство побара од МАЛМЕД информации за сериите и квалитетот откако Хрватска ја прекина употребата на истата вакцина.

·Македонија
Вакцинацијата со БСЖ времено одложена по суспензија во Хрватска

Вакцинацијата на новороденчињата со вакцината БСЖ во земјава е времено одложена откако Хрватска ја прекина употребата поради сомнеж за појава на несакани реакции. Станува збор за вакцина произведена од бугарската компанија „Бул Био НЦИПД“ од Софија.

Од Министерството за здравство посочуваат дека производителот е истиот, поради што веднаш беше стапено во контакт со Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и побарани се податоци за конкретните серии на вакцини што се употребуваат во земјата.

„Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза“, велат од Министерството за здравство.

Побарување податоци и преглед на евиденцијата

Министерството наведува дека на Институтот за туберкулоза (ТБЦ) во моментов се евидентирани 95 пациенти со туберкулоза, од кои 83 се од годинава. Во Детската болница Козле се регистрирани 15 заразени деца во 2025 година и 12 нови болни деца во 2026 година.

Од здравствените институции велат дека мерката е привремена и ќе трае додека регулаторните тела не достават комплетни информации за квалитетот на сериите и евентуалната врска со пријавените несакани случувања. Јавноста и педијатриските служби ќе бидат навремено известени по завршување на проверката.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи