Почетна
Политика

Владата ќе овозможи откуп на до две години стаж за пензија, најави министерот Велковски

Граѓаните кои ја исполниле старосната граница но им недостигаат до две години до минимум 15 години ќе можат сами да ги уплатат придонесите, објасни министерот.

·Политика
Владата ќе овозможи откуп на до две години стаж за пензија, најави министерот Велковски

Владата ќе овозможи откуп на до 24 месеци недостасувачки стаж за да се оствари право на пензија, најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во гостување во „360 степени“ на МРТ 1.

Според најавеното законско решение, оваа опција ќе им биде достапна на граѓаните кои ги исполниле старосните услови за пензионирање, но им недостигаат до две години до законскиот минимум од 15 години работен стаж. Право на откуп ќе имаат само оние кои имаат најмалку 13 години остварен работен стаж и веќе не се активни осигуреници на пазарот на трудот.

„Откуп на стаж се однесува и ќе се однесува само на оние коишто веќе не се денеска осигуреници, наполниле 62-64 години, нели жени-мажи, ќе имаат право тие коишто имаат до 13 години работен стаж којшто го направиле во моментот кога ги наполниле годините на старост, значи 24 месеци да го откупат својот стаж, односно да платат за истиот“, рече Велковски.

Министерот појасни дека за месеците кои им недостасуваат до законскиот минимум граѓаните ќе треба сами да ги подмират придонесите, при што основицата за пресметка нема да биде целата просечна плата туку половина од просечната плата за претходната година.

Во практичен пример, ако просечната нето-плата во една година изнесувала 45.000 денари, придонесот од 19,9 отсто ќе се пресметува на половина од таа сума, односно 22.500 денари, помножено по бројот на месеци кои им недостигаат (но најмногу 24).

Откако ќе се изврши уплатата за недостасувачкиот стаж, висината на пензијата ќе се утврдува според стандардната законска формула и врз основа на примањата кои осигуреникот ги имал во текот на годините кога бил работно ангажиран. „Зависно колку имале во 13-те години, формулата која ќе произлезе – значи од 13 години колку штедел, на каква плата бил пријавен итн., ќе се покаже самата формула дополнително. Така што, ако бил на минимална, тогаш ќе има некои од минималните категории, нели коишто се 9 вкупно во системот. Ако земале, односно биле пријавени на повисока плата, така ќе се засмета“, заклучи Велковски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи